Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пешевски задоволен од Извештајот на ЕК, економскиот раст останува во фокусот

Пешевски задоволен од Извештајот на ЕК, економскиот раст останува во фокусот

Раст на економијата, намалување на невработеноста, нови инвестиции и креирање работни места останува главна цел, истакна денеска вицепремиерот Пешевски.

Тој присустуваше на  работилницата „Пристап до финансии“ а во врска со извештајот на Европската комисија и забелешките во истиот Пешевски истакна дека ако се анализира подобрувањето на бизнис климата може да бидат задоволни.

Вицепремиерот потенцира дека секогаш може подобро и има простор за подобрување, но треба да се погледне и  вкупното ниво на македонската економија за потоа соодветно да се креираат буџетските политики.

Тој оцени дека буџетот во текот на годините имал силен развој а резултатите и достигнувањата се доказ за тоа.

Слично

Поврзани вести