Пешевски: За Македонија не е критично да се изгради Јужен тек
Изградбата на Јужен тек е добра за Македонија, но за земјава не е критично да биде дел од тој гасоводен систем, смета вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
„Во моментот имаме доволно гас кој не е доволно искористен, иако има доволен капацитет. Ќе работиме на тоа гасот да биде максимално искористен. Ние како земја не можеме да влијаеме на стратегиите во врска со Јужен тек, па затоа не треба да се оптоваруваме. Битно е да имаме стратегија во секое сценарио. Македонија има своја стратегија. Клириншкиот долг не е поврзан со Јужен тек“, вели Пешевски.
Со проектот за изградба на Јужен тек, Македонија требаше да добие крак за снабдување преку Бугарија или Србија.
Слично
