Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пешевски вети дека ќе има огревно дрво, цената како ланската!

Пешевски вети дека ќе има огревно дрво, цената како ланската!

Пред стартот на грејната сезона надлежните смируваат дека ќе има доволно огревно дрво по цени исти како ланските.

Вицепремиерот Владимир Пешевски информираше дека испораката на дрва ширум земјава е интензивирана додека цената е задржана на исто ниво од лани, со што ги поби шпекулациите дека цената ќе оди над 3.000 или 3.500 денари.

Вчера, Пешевски истакна дека побараувачката е голема, испораките течат а се очекува целосно стабилизирање на состојбата со огревното дрво и ќе бидат снабдени сите количини на пазарот.

Им порача на граѓаните да не се грижат од евентуален недостаток на дрва и побара време за стабилизација на цената кај приватните снабдувачи.

„Количините на Македонски шуми се сепак поголеми од тие на приватните складови, така што не би требало  да имаме никави проблеми. Не треба да се крева паника, постепено сите оние кои имаат  потреба од огревно дрва ќе бидат снабдени по минатогодишните цени“, нагласи вицепремиерот Пешевски.

Од 1 до 22 септември Македонски шуми испорачале речиси 70 000 метри кубни дрво на ниво на земјава, додека приватните складишта испорачале околу 25 000 метри кубни , со што заедничкиот број  достигнал 95.000 метри кубни.

„Ова значително придонесе да се задоволи пазарот со дрва, односно да се зголеми конкуренцијата на огревно дрво, а исто така влијаеше и кај сите други складови цената полека да се нормализира, да паѓа и да дојде на ланско ниво“, изјави информира директорот на Македонски шуми Жарко Караџоски.

Тој даде ветување дека Македонски шуми ќе ги исполни преземените обврски и ќе ја изврши испораката во определениот рок.

Слично

Поврзани вести