Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пешевски одбива да ги коментира минималните плати во „Дрекселмаер“

Пешевски одбива да ги коментира минималните плати во „Дрекселмаер“
Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, не сака да ги коментира платите од 8.050 денари што ги нуди германската компанија Дрекселмаер во Кавадарци на огласите за вработување. На новинарско прашање, како коментира што германскиот инвеститор бара работници само за минимална плата, Пешевски одговори воздржано:
„Јас не можам да коментирам плати на друга компанија. Не разбирам“
Германски Дрекселмајер преку оглас во Агенцијата за вработување бара работници за фабриката лоцирана во индустриската зона во Кавадарци. Се бара сметководител, специјалист за човечки ресурси, царински службеник, службеник за обука, помошник на генералниот директор, систем администратор и уште неколку други работни места. Речиси на сите позиции се нуди плата од 8.050 денари. Ова предизвика реакции во јавноста, а граѓаните препознаваат обид на инвеститорите да го злоупотребат моделот на минимална плата и тие едноставно не ни размислуваат да понудат повеќе за македонските работници. Од компанијата за „Фактор“ изјавија дека кај нив никој не работи за минимална плата. Објавените плати во огласите не биле точни, но за сумите не сакале да дискутираат.
Слично

Поврзани вести