Пешевски: Нема нов пакет антикризни мерки
Владата моментно не размислува за посебен пакет антикризни мерки, но продолжува со континуираните посети на фирмите и консултациите со стопанствениците, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
„Владата постојано размислува за нови мерки, но настојува да не ги групира во пакети, иако понекогаш се направени за специфични индустрии. Секогаш кога има предлог од коморите, од некоја конкретна компанија, бидејќи имаме континуирани посети на фирмите на терен, настојуваме, преку редовната Програма за работа на Владата, да ги имплементираме. За посебен пакет не се размислува, но тоа се континуирани активности во тек“, објасни Пешевски.
Според Вицепремиерот за економски прашања, Владата засега е задоволна од интересот на бизнис заедницата за евтините кредити, а првите средства се легнати на сметките на компаниите.
Тој исто така најви дека кога ќе бидат исцрпени тие средства, Владата ќе побара нови од Европската инвестициона банка.
Слично
