Пешевски: Македонија бележи скок во сите параметри за конкурентност
Информацијата дека Македонија се наоѓа на 63-тото место по конкурентност во најновиот извештај на Светскиот економски форум, односно 10 места повисоко од лани, за вицепремиерот Владимир Пешевски е исклучително позитивен сигнал за македонската економија.
„За прв пат Македонија забележува зголемување на рангот кај сите 12 столбови, кои што го сочинуваат индексот на глобална конкурентност. Најевидентно е подобрувањето во областа на финансиските пазари каде шти имаме скок од 21 позиција, во областа на иновациите кадешто имаме подобрување за 18 позиции и во работата на институциите кадешто имаме подобрување од 15 позиции“, рече Пешевски.
На најновото рангирање, Македонија се најде на 63-тото место по конкурентност од 144 земји, додека лани беше 73-та. Годинава од регионот пред нас е Бугарија на 54-тото место, а зад нас се Црна Гора, Србија, Албанија, Словенија, Хрватска и Грција.
Најконкурентна економија во светот е Швајцарија, а нејзиниот успех се должи на ефикасноста, иновациите и макроекономската стабилност, иако земјата се соочува со тешкотии за наоѓање квалификувани работници.
На дното на листата е Гвинеја.
Слично
