Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пешевски и Самак во „Дрекселмаер“: Ќе разговараат ли за минималните плати?

Пешевски и Самак во „Дрекселмаер“: Ќе разговараат ли за минималните плати?
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот задолжен за странски инвестиции Веле Самак денеска ќе се сретнат со високи претставници на германската компанија „Дрекселмаер“, која инвестира во Македонија. Делегацијата на „Дрекселмаер“ е во работна посета на Македонија, а средбата ќе се оствари во погонот на оваа компанија, во индустриската зона кај Кавадарци, соопштуваат од Владата. Нема информации дали македонските министри на средбата се подготвени да разговараат за минималните плати што оваа фабрика ги нуди за работниците од Македонија. Во јавноста предизвика реакции огласот за вработување, што неодамна го објави „Дрекселмаер“. Компанијата бараше сметководител, специјалист за човечки ресурси, царински службеник, службеник за обука, помошник на генералниот директор, систем администратор и уште неколку други работни места, а за сите беше предвидена плата од околу 8.000 денари.
Слично

Поврзани вести