Периодот на прослави скапо ќе не чини, предупредува епидемиолог
Директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје Игор Галиќ во интервју за „Побједа“ вели дека претстојната празнична сезона претставува голем епидемиолошки предизвик затоа што непочитувањето на мерките и организацијата на собири и прослави може скапо да нè чини.
„Апелирам до граѓаните да се воздржат од несовесно однесување и со тоа да го зачуваат своето, но и здравјето на нивните најблиски. Кога станува збор за корекција на мерките, Институтот за јавно здравје ја следи епидемиолошката состојба и врз основа на индикатори и состојбата на теренот, ќе предложиме здравствени мерки“, вели црногорскиот епидемиолог.
Во земјата има над 600 починати, и повеќе од 43.000 дијагностицирани.
Европа се затвора пред празниците. Во различни земји има различни рестрикции.
