Економија, финансии, бизнис

Контакт

Перењето пари за финансирање на Исламска Држава се прави во БиХ

Перењето пари за финансирање на Исламска Држава се прави во БиХ

Парите кои се соберат во џамиите Велика Британија ги користи за финансирање на терористи на Исламска држава а перењето на тие пари се извршува преку сметки во БиХ, наведува британски Дејли стар.

Овој британски медиум објави дека е лесно да се откријат сомнителните финансиски текови преку социјалните мрежи.

На новинар на тој медиум по пат на чет му е кажано дека донираните пари преку БиХ им се праќаат на милитантите на Блискиот исток.

На него, имено, му е речно дека за донација да го контактира извесен Ису Амрики кој на социјалните мрежи се претставува под името "HoneyNtea" и "Wolf Raised".

Кога тоа и го направил, Амрики му рекол дека доста пари за ИС се собираат во џамиите во Велика Британија.

Тој дал совет и уплатите да се вршат директно преку мрежите за трансфер на пари Moneygram во Босна и Херцеговина „бидејќи тоа е најбезбеден начин“.

Слично

Поврзани вести