Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕОН брокер привремено исклучен од членство на Берзата

ПЕОН брокер привремено исклучен од членство на Берзата
Брокерската куќа „ПЕОН брокер АД Скопје“ од денеска е привремено исклучена од членство во Берзата, информираат од Македонската берза. Привременото исклучување од членство е со времетраење додека „ПЕОН брокер АД Скопје“ целосно не ги исполни обврските кон Берзата. Во одлуката се наведува дека исклучувањето е врз основа на член 23, став 3 од Правилата за членство на Берзата, кој предвидува дека „главниот извршен директор привремено ја исклучува членката од членство на Берзата доколку членката не ги подмири обврските кон Берзата најдоцна во рок од 7 (седум) дена по истекот на рокот предвиден за плаќање на доставената фактура, се до исполнувањето на обврските. Минатата недела Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое на брокерската куќа “Илирика Инвестментс” АД Скопје привремено ѝ забрани да врши услуги со хартии од вредност, во времетраење од 15 работни дена.  
Слично

Поврзани вести