Пензискиот фонд на Хрватите меѓу најдобрите
Хрватскиот задолжителен пензиски фонд во минатата година остварил просечна заработувачка од 11,36 %, а нивните резултати од почетокот на работењето се меѓу најдобрите во Европа.
Просечната заработка на задолжителните пензиски фондови во Хрватска во последните три години изнесувала 9,32 одсто.
Просечниот придонес од основањето достигнал 6,06 одсто, додека реалниот придонес (прилагоден за инфлација) изнесувал 3,75 одсто, покажале последните податоци од здружението за управување со пензиските фондови.
Помеѓу земјите во транзиција единствено Полска има поголем реален придонес од Хрватска, додека на ниво на цела Европска унија Хрватска се наоѓа на шесто место, изјавил на конференцијата за медиуми Дубравко Штимац, од фондот ПБЗ „Корациа осигурување“.
Тој објаснил дека најуспешни се данските пензиски фондови, кои оствариле реален придонес од 4,19 одсто, пренесува Тпортал.
Гледано во апсолутни бројки, фондовите со своите членови за 12 години работа заработиле 20,7 милијарди куни (2,68 милијарди евра). За просечен член кој на сметката има 54,950 куни, тоа значи дека му е уплатено 41,330 куни а фондот заработил 13,620 куни.
Претставници од прензискиот фонд изјавиле дека бизнис резултатите го оправдуваат постоењето на вториот пензиски столб
Претседателката на здружението Дијана Бојчет Маркоја ги преставила резултатите од истражувањето на пазарите кои покажуваат дека 40 одсто од граѓаните не ја знаат ни приближно состојбата на својата пензиона сметка, а сите од нив 13 одсто го знаат точниот износ на придонеси од својот фонд.
