Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНЗИОНЕРСКИ ЖИВОТ: најголем дел од македонските пензионери земаат од 4000 до 15000 денари месечно!

ПЕНЗИОНЕРСКИ ЖИВОТ: најголем дел од македонските пензионери земаат од 4000 до 15000 денари месечно!
Вкупниот број на пензионери за една година во земјава се зголемил за 6.410 нови пензионери или за 2,2%. Односно, на крајот на минатата година имало 291.821 пензионер, додека на крајот на 2012 година имало  285.411 пензионери, покажуваат последните годишни извештаи на Фондот за пензиско. Најбројни се корисниците на старосна пензија кои учествуваат со 58,6% од вкупниот број на корисници на пензија. Старосна пензија примаат 169.362 и при тоа нивниот број за една година е е зголемен за 7.276 нови корисници или за  4,5%. Семејна пензија користат 77.011 луѓе или 26,6%, од вкупниот број на корисници на пензија. За една година нивниот број е зголемен за 411 луѓе или за 0,5%. Примателите на инвалидска пензија учествуваат со 14,8% во вкупниот број на корисници на пензија и нивниот број изнесува 42.741 корисници. Но, податоците покжауваат дека нивниот број се намалува. Односно за една година е намален за 2,1 % или 907 приматели на овој вид пензија. „Приливот на корисници на инвалидска пензија и во 2013 година се намали како и во претходните години заради измените во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, објаснуваат од Фондот за пензиско. Намалување има и на бројот на приматели на воена и земјоделска пензија. Анализата на податоците покажува дека на крајот на минатата година земјоделска пензија примале 880 луѓе и нивниот број во споредба со 2012 година е намален за 244, а воена пензија примале 1.827 и нивниот број е намален за 126 во споредба со 2012 година. Колкави пензии примаат пензионерите во Македонија? Најголем дел или 120.493 пензионери што е 41% од вкупниот број на корисници на пензија добиваат пензија во износ од 8.900 до 15.000 денари. Потоа 27,8% од вкупниот број на корисници на пензија или 80.984 луѓе добиваат пензија во износ од 6.562 до 8.900 денари. Пензија во износ до 6.562 денари добиваат 23.856 луѓе што е 8,2% од вкупниот број на корисници на пензија. Пензија во висина од 15 до 24.000 денари добиваат 54.527 илјади пензионери што е 18,7% од вкупниот број на корисници на пензија. Само 3,5% од вкупниот број на корисници на пензија добиваат износ помеѓи 24.000 и 34.000 денари. Или тоа се вкупно 10.332 пензионери. А, најмалку или 0,6% од вкупниот број на пензионери добиваат пензија поголема од 34.462 денари. Или тоа се вкупно 1.629 луѓе. При тоа, 16.336 луѓе примаат пензија помала од загарантираната минимална во износ од 6.562 денари, поради тоа што примаат сразмерен дел од други држави. Но податоците покажауваат дека од година во година се намалува бројот на приматели на странски пензии. Податоците покажуваат дека во периодот од 2001 до 2013 година, најголемо зголемување на пензиите имало во 2008 година. А просечната пензија во декември 2013 година изнесува 11.845,00 денари, што е за 7,3% повеќе од претходната година.
Слично

Поврзани вести