Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пензионерите задутре ќе протестираат пред Уставниот суд

Пензионерите задутре ќе протестираат пред Уставниот суд

Пензионерите  во понеделник ќе протестираат пред Уставниот суд.

Пенизонерите кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска од Штип порачаа дека на 1 декември пензионерите ќе протестираат пред Уставен Суд во Скопје, со цел како што велат да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Тие повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права.

Пензионерите прво добија пет илјади денари линеарно покачување на пензиите, а во септември добија уште илјада денари.

Премиерот Христијан Мицкоски пред два дена обвини дека Уставниот суд го укинал линеарното покачување на пензиите и дека се работело за нефер одлука, но од Уставен вратија дека конечна одлука не е донесена.

Слично

Поврзани вести