Пензионерите задоволни од зголемувањето на пензиите
Здружението на пензионери на општина Центар се задоволни од линераното зголемување на пензиите за 550 денари.
- Во оваа економска криза кога во голем број држави во Европа се намалуваат или замрзнуваат пензиите, во Македонија благодарение на разбирањето што го имаме со Владата ниту една од овие мерки не се применети. Владата останува на ставот за повремено зголемување на пензиите, рече денеска на прес-конференција Крсте Ангеловски, претседател на Собранието на Здружението на пензионери на Центар.
- Според податоците од Сојузот на пензионерите околу милион лица се издржуваат од пензиите без разлика дали се работи за нивни деца или внуци така што секој денар во буџетот е добредојден,велат од Здружението на пензионери на општина Центар.
