Пензионерите во Србија може по половина час надвор, но не секој ден
Граѓаните во Србија на возраст над 65 години од денеска ќе можат да се прошетаат во вторник, петок и во недела на половина час, што е една од олеснителните мерки, донесени од српските власти во понеделник, во согласност со епидемиолошката состојба и мислењето на стручната фела.
Пензионерите ќе можат да прошетаат половина часпомеѓу 18 и еден часот по полноќ, најмногу шестотини метри од нивното место на живеење, пренесува Танјуг.
Зелените пазари се отворени денес, со задолжителна примена на сите мерки за заштита од ширење на вирусот корона.
Од денес, дозволено е да се работи за дејностите во областа на давање услуги како што се автомобилски механичари и продавници за поправка на гуми, чевларници, кројачи, автоперални, авто-школи, хемиско чистење како и работодавци од областа на трговијата на мало - книжарници, дилери на моторни возила, велосипеди, наутика, технички производи , градежен материјал.
Владата, исто така, ги повикува работодавците во градежниот сектор да продолжат да работат со полн капацитет од денес.
Сите работодавци се должни на работниците да им обезбедат заштитна опрема (маски, нараквици и средства за дезинфекција), а работата мора да се изврши на социјална оддалеченост.
