Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ЛУКСЕМБУРГ СЕ НА ВРВОТ: Имаат највисоки пензии во ЕУ

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ЛУКСЕМБУРГ СЕ НА ВРВОТ: Имаат највисоки пензии во ЕУ

Пензионерите во Европската Унија(ЕУ) имаат различен износ на пензиите, а на врвот се оние од Луксембург. 

Во 2021 година, просечните месечни пензии  изнесувале 2.575 евра во Луксембург, а најниски биле во Бугарија, 226 евра. Според податоците од Евростат, просекот на ЕУ бил 1.224 евра.

Зад Луксембург, следи Данска. Во оваа земја просечните пензии изнесувале 2.417 евра.

Просечната старосна пензија во Исланд е 2.762 евра, во Австрија 1.962, во Ирска 1.906, во Италија 1.561, во Германија 1.440, во Словенија 692, во Полска 538 и во Унгарија 398 евра.

foto freepik.com/josemiguelsangar

Слично

Поврзани вести