Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА ИМААТ ПРИЧИНА ЗА СЛАВЕЊЕ - ќе им стигне еднократна помош, а ќе добијат и други погодности

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА ИМААТ ПРИЧИНА ЗА СЛАВЕЊЕ - ќе им стигне еднократна помош, а ќе добијат и други погодности

Фондот на ПИО вчера објави важна информација за група повозрасни граѓани за еднократна помош.

Ќе се обезбедат средства за исплата на еднократна помош на пензионерите во Федерацијата Босна и Херцеговина.

Ова беше договорено на средбата на претставници на две пензионерски здруженија на Федерацијата на БиХ со премиерот и неговите заменици, министерот за труд и социјална политика, како и претставници на Федералниот пензиски институт.

Договорено е и формирање на Совет на пензионери.

Имено, пензионерите во Федерацијата Босна и Херцеговина не се задоволни ниту од условите за живеење, ниту од начинот на усогласување на пензиите и веќе подолго време бараат исплата на еднократна доплата.

Овој додаток сега им е ветен, како и бројни други поволности.

На горенаведената средба тема на разговор беше подобрувањето на положбата на пензионерите во оваа земја.

(Извор: Дневник/Пензионер)

Слично

Поврзани вести