Пензионерите тргнаа на бања
Вкупно 5.500 пензионери годинава ќе ја користат можноста за бесплатно лекување во бања. Првите групи веќе заминаа, а министерот за труд и социјала Диме Спасов денеска ги посети пензионерите кои се рекреираат во Катлановската бања.
„Бесплатната услуга се состои од 6 полни пансиони, бесплатен превоз, здравствени прегледи и бањски третмани. Мене ми е особено важно што пензионерите кои до сега ја користеа оваа услуга и пензионерите со кои денеска остварив средба, се навистина задоволни од реализацијата на овој проект и од условите кои ги нудат бањите во Македонија за нив“, истакна ресорниот министер.
Тој најави дека и во иднина ќе продолжат да се реализираат вакви слични проекти со кои се подобрува социјалниот живот и здравјето на пензионерите. Изминатите години, со овој проект беа опфатени над 22 илјади пензионери, а истиот во континуитет ќе продолжи и наредните години.
Слично
