Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пензионерите од денеска со повисоки пензии

Пензионерите од денеска со повисоки пензии

Зголемувањето на пензиите денеска го добија околу 286 илјади пензионери. На нивните сметки  се уплатени средствата за февруарската пензија која е зголемена за 550 денари линеарно за секој пензионер.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека зголемувањето на пензиите е целосно вклопено во проекциите на Буџетот за 2013 година и оти пензионерите можат да бидат спокојни дека секој месец ќе ги добиваат навреме пензиите покачени за 550 денари.

- На тој начин директно го помагаме животниот стандард на пезионерите. Секако, средствата никогаш не се доволно, но секое зголемување во вакви тешки времиња значи многу. Ние тоа го ветивме и го реализиравме, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по денешната средба во Сојузот на здруженија на пензионери.

Најави дека Владата ќе продолжи со политиките за зголемување на пензиите и оти во 2014 и 2015 година се планирани нови покачувања доколку општите економски услови го дозволат тоа.

Покрај зголемувањето на пензиите, од денеска за пет проценти е покачена и социјалната помош.

Слично

Поврзани вести