Пензионерите можат да здивнат: Линеарното зголемување на пензиите не е неуставно
Уставниот суд денеска соопшти дека ја запира постапката за оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2025 година, со што престанува преиспитувањето на линеарното зголемување на пензиите. Предлогот не добил мнозинство и актот останува во правниот поредок.
„Во сила останува линеарното зголемување на пензиите. Отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон и Судот денеска ја сопре постапката“, велат оттаму.
Постапката за оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2025 година е поведена затоа што, според Судот, линеарното зголемување на пензиите што тој го предвидува може да ја наруши уставната еднаквост, правото на сопственост и начелото на социјална сигурност, бидејќи еднакво ги третира пензионерите со различни придонеси и создава непропорционални ефекти.
foto freepik.com
