Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пензионерите имаат уште една недела да аплицираат за бесплатен туристички викенд

Пензионерите имаат уште една недела да аплицираат за бесплатен туристички викенд

За една недела истекува рокот на пријавување за користење на услугата за „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година“, како и за услугата „Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година” .

Пензионерите кои што ги исполнуваат условите за пријавување за користење на услугата може да аплицираат во подрачните филијали во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија ширум државата.

Сите оние лица корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација и бесплатниот туристички викенд.

Бесплатните услуги „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година“ и „Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година“ може да ги користат сите оние лица кои се корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто Република Македонија и имат склучено договор за социјално осигурување.

Слично

Поврзани вести