Пензионерите и во недела ќе се возат бесплатно во автобус?
И во недела пензионерите ќе можат бесплатно да ги користат услугите за јавен превоз што ги нуди ЈСП - овој предлог треба да се разгледува на следната седница на Советот на Град Скопје.
Доколку одлуката помине, пензионерите ќе можат бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП четири дена неделно - вторник, петок, сабота и недела.
Поволноста можат да ја користат сите повозрасни лица - жени над 62 години и мажи над 64 години со покажување лична карта на службените лица во автобусот.
Промената се очекува да се одрази на буџетот на јавното претпријатие, кое уште еднаш ги крати приливите на средства со тоа што се намалува продажбата на картите за превоз.
Одлуката се носи пред избори, но според најавите ќе почне да се применува по завршувањето на изборите за претседател на државата.
Слично
