Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНЗИИТЕ ДА СЕ ИСПЛАТАТ ДО 28 МАРТ - им препорача Владата на банките

ПЕНЗИИТЕ ДА СЕ ИСПЛАТАТ ДО 28 МАРТ - им препорача Владата на банките

Банките да обезбедат исплата на пензите до 28 март, им препорача Владата на вчерашната седница.

„Владата ја разгледа и усвои информација за исплата на пензии за март 2020 година на предлог на Кабинетот на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори“, се вели во соопштенето.

Вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска се обратила до Македонската банкарска асоцијација, со барање поради вонредната состојба со коронавирусот, банките да овозможат исплата на пензиите во пет групи на пензионери според износот на пензија по работни денови од 25 март до 31 март 2020 година. 

„По добиеното известување од Македонската банкарска асоцијација, Кабинетот на вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори, предложи, а Владата прифати да им се препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од 28-ми март“, се вели во владиното соопштение.

Слично

Поврзани вести