Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНЗИИ ОД ВТОРНИК: Прво кај тие кои имаат картички

ПЕНЗИИ ОД ВТОРНИК: Прво кај тие кои имаат картички

Октомвриските пензии ќе бидат на располагање преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 октомври, соопштија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
„За лицата кои не користат картички, пензиите ќе бидат исплатени етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19. Исплатата на шалтерите во банките ќе се врши во четири групи.

-За пензии со висина до 11 000 денари, исплатата ќе се врши на 26.10.2021г. (вторник)

-За пензии со висина 11 001-14 000 ден, исплатата ќе биде на 27.10.2021г. (среда)

-За пензии со висина 14 001-18 000 ден, исплатата ќе биде на 28.10.2021г. (четврток)

-За пензии со висина над 18 001 ден, исплатата ќе биде на 29.10.2021г. (петок)


Слично

Поврзани вести