Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски за Фактор: СДСМ ќе ме кандидира за претседател!

Пендаровски за Фактор: СДСМ ќе ме кандидира за претседател!
„Формално СДСМ вечерва треба да ме утврдат како кандидат за претстојните претседателски избори“, потврди кратко за Фактор универзитетскиот професор Стево Пендаровски. СДСМ  се очекува вечерва да предложи универзитетскиот професор Стево Пендаровски да биде нивен канидат за претседател на Македонија на престојните претседателски избори кој ќе се одржат на 13 април годинава. Одлуката треба да биде донесена на Извршниот Одбор доцна попладнево, а потоа да ја верификува Централното Претседатество и партискиот Конгрес. Поранешниот советник на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски уживал најголема поддршка меѓу членството на партијата. Тој предмалку бил на состанок со партиското раководство и ја прифатил кандидатурата.  
Слично

Поврзани вести