Пендаровски: Во предизборниот период секојдневно се кршеа изборните регулативи
Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски изрази надеж дека изборниот ден ќе помине во мирна атмосфера.
„Во изминативе денови и недели бевме сведоци дека немаше ниту еден ден од предизборниот период во кој немаше кршење на изборните регулативи. Искрено се надевам дека барем изборниот ден ќе помине во мирна атмосфера и така како што и доликува на една држава која треба да биде и европска и демократска“, изјави Пендаровски по гласањето на изборите во месната заедница „Автокоманда“.
Слично
