Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски во Гостивар: „Доста е за поделбите на подобни и неподобни“

Пендаровски во Гостивар: „Доста е за поделбите на подобни и неподобни“
На Македонија и требаат нови лица во политиката, порача кандидатот на СДСМ за претседател Стево Пендаровски пред жителите на Гостивар. Тој вели дека се потребни политичари кои ќе работат за доброто на сите граѓани во државата, без разлика на нивната  партиска етничка или верска припадност, и ќе ги прекинат поделбите во општеството. „Актуелната власт нé подели на подобни и неподобни. Субвенции па, и места во студенските домови, добиваат тие што имаа партиска книшка. Власта со криминалот не се справува секаде подеднакво - полициски акции има таму каде што ќе одредат само неколку лица од власта“, обвини Пендаровски. Тој звборуваше и за лошата економска состојба во државата, критикувајќи го проектот Скопје 2014 заради огромните трошоци.
Слично

Поврзани вести