Пендаровски: Власта на изборите со колосални измами проголта 150.000 гласа
Опозицијата поседува цврсти и непобитни докази за колосалните измами со кои власта проголта најмалку 150 илјади гласови на последните избори во април.
Ова во последнити интервју за „Фокус“ го истакнува поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, кој додава дека според собраните докази масовна изборна измама, во помала мера, имало и на изборите во 2011 година.
„Сите сознанија што ги собравме, од целата опозициска мрежа на активисти, не само она што популарно се нарекува „бомбата“, гледате дека станува збор за колосална предизборна шема за измами во која власта неправедно, бидејќи тоа не е реално добиен глас, голта или зема најмалку 150.000 гласови на своја страна. И тоа дури и ако се исклучат коруптивните практики како вработување во администрација, со закани од различен тип... Значи само врз основа на изборните измами, станува збор за бројка од околу 150.000 гласови“, вели Пендаровски за Фокус.
Според Пендаровски, материјалите кои што ги најавува Заев, даваат конкретни и непобитни докази дека се случила масовна изборна измама.
Слично
