(ВИДЕО) Пендаровски вербално нападнат во Лисиче, ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот
Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски денеска бил вербално нападнат при средбите со граѓани во Лисиче. Опозициската партија објави снимки од инцидентот зад кој вели дека стојат активисти на ВМРО-ДПМНЕ.
По вербалните провокации биле избегнати посериозни инциденти. Случајот попладнево бил регистриран од полицијата. СДСМ бара од МВР да го расчити инцидентот, а апелира до институциите да обезбедат услови за непречено одвивање на предизборните активности на сите субјекти во изборниот процес.
http://www.youtube.com/watch?v=1x2bbHj6o_o
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди чинот на насилство врз претседателскиот кандидат на СДСМ Пендаровски.
„Ги повикуваме институците веднаш да ги најдат и казнат сторителите. Се работи за изолиран случај кој треба и мора да се казни“, соопшти партијата по објавените информации за инцидентот.
Слично
