Пендаровски:Тоа што им се прави на Ромите е чиста дискриминација
Кандидатот за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски, своите средби со граѓаните ги имаше во Штип и штипско, каде граѓаните се пожалиле на зголемента иселеност.
Но според Пендаровски освен овој проблем со кој се соочуваат градовите од истокот, проблем е и тоа што ние како држава не живееме со ниту еден сосед.
Сегашнава власт, смета Пендаровски, не искара со сите соседи што не дај боже да се случи нешто не можеме да бараме помош.
Пендаровски смета дека и тоа што им се прави на Ромите е чиста дискриминација од страна на државата.
-Таа треба да утврди дали си граѓанин, државјанин на Македонија, а не дали си Ром, вели тој.
Кандидатот за претседател на Република Македонија повика граѓаните масовно да излезат и да гласаат на 13-ти април за да се смени структурата која ја доведе Македонија во оваа состојба.
Слично
