Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Се надевам дека изборниот ден ќе заврши во демократски дух

Пендаровски: Се надевам дека изборниот ден ќе заврши во демократски дух
Се надевам дека Република Македонија конечно е подготвена да направи изборен циклус како што доликува на секоја европска демократија, изјави претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски по гласањето во избирачкото место во МЗ Автокоманда.

Тој очекува дека денешниот ден ќе почне и ќе заврши во демократски дух.

„Се надевам дека денешниот ден ќе почне и ќе заврши во демократски дух, сите процедури ќе бидат испочитувани и на крајот на денот нема да сведочиме за некои постапки, кои ги видовме во претходниот ден кога посебната категорија луѓе и особено гласањето во дијаспората не се одвива во согласност со законските одредби“, рече Пендаровски.
Слично

Поврзани вести