Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Приватните медиуми се купени од фамилијата

Пендаровски: Приватните медиуми се купени од фамилијата

Во Македонија без исполнување на условите со прочистување на избирачкиот список и реформи во медиумите не се можни фер и демократски избори.

Ова вчера во Кичево го изјави носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски, на трибина на која СДСМ ја презентираше програмата. Според него, медиумите се во многу лоша состојба поради пропагандата на оваа власт.

„Не може да се постигне договор за радиодифузниот сервис за да има избалансиран пристап. Приватните медиуми се купени од фамилијата, од бандата на Груевски. Не се донесе ни Законот за медиуми којшто го предложи здружението на новинари, ВМРО-ДПМНЕ го одби законот. Ни еден предлог, ние еден амандман за битните елементи на пржинскиот договор не прифатија. Тоа е така бидејќи Груевски се плаши од фер избори и сака да оди на избори без избор“ - вели  Пендаровски.

Избори без избор се недемократски, а на државата и требаат слободни, фер и демократски избори со почитување на слободно изразената волја на граѓаните, додава Пендаровски.

Слично

Поврзани вести