Пендаровски побара од меѓународната заедница да не молчи за ретроградните процеси во Македонија
Кандидатот на СДСМ за претседател Стево Пендаровски се обрати денеска за да им се заблагодари на 400.000 граѓани кои го дале својот глас во вториот круг од претседателските избори.
Тој побара од меѓународната заедница да се позанимава со креаторот на проблемите и да престане да биде „само пасивен набљудувач на ретроградните политички процеси кои се случуваат во Македонија“.
„Сакам само да им дадам една пријателска сугестија - од денес па во наредните денови би ги замолил, дел од своите ресурси, напори и време да ги насочат кон врвовите на досегашната власт затоа што таму се наоаѓа генератоторот на овие ретроградни политички процеси, а многу помалку кон опозицијата која во ваков амбиент, сосема легитимно, решава да се дистанцира од сосема политизираните и приватизирани државни институции“, изјави Пендаровски.
Тој ги поддржува оценките на лидерот на опозицијата Зоран Заев за текот на изборниот процес.
„Да имаше демократија разликата на овие избори ќе беше најмалку 100 до 150.000 гласови во моја корист“, рече Пендаровски.
Слично
