ПЕНДАРОВСКИ ОД ПРОХОР ПЧИНСКИ: ОВА ТРЕБА ДА БИДЕ КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА НОВИТЕ ОДНОСИ, почит кон светите места
Претседателот Стево Пендаровски, кој со македонска државно-црковна делегација, по пауза од 18 години денеска на Илинден беше во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“
- Прво да се заблагодарам на претседателот Александар Вучиќ и на поглаварот на Српската православна црква, бидејќи ни овозможија по 18 години да дојдеме тука и да го одбележиме овој, за нас, многу значаен празник. Ова е место каде е формирана македонската современа држава и е многу значаен, но од разни причини не бевме во можност да ја одбележиме тука, па правевме разни алтернативни одбележувања во близина, но не и овде, каде се одржало првото заседание на АСНОМ. Ова е за нас значајно, бидејќи одбележуваме втор Илинден, и сакаме во иднина тука да доаѓаме за да им го одадеме почит на оние кои ја формирале Македонската држава на нашите претци кои ја формирале во 1944 година - потенцираше Пендаровски.
Тој укажа дека со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ, кој бил од голема помош изминативе недели за оваа посета, договорени се работни групи, кои ќе ги договорат сите детали околу организирање на одбележувања на сите заеднички празници, не само овој празник, туку на сите.
- Морам да ги пофалам, успеаа за кратко време да ја замена оригиналната плоча која се уште не успееа да ја најдат и со истит напис повторно да ја направат пред денешниот ден. Идејата е не да дојдеме само оваа година. туку од следната секоја година да славиме тука. Нашата цел е да се зацврсти нашата соработка. Не верувам дека ова ќе биде само еден пиар, туку камен темелник на нашата идна соработка. Ова треба да биде камен темелник на новите односи, кои вклучуваат почит кон светите места - потенцираше Пендаровски
