Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНДАРОВСКИ НА СРЕДБИ СО БИЗНИСМЕНИ ВО ЗАГРЕБ: Инвестициите во фокус на деловната средба

ПЕНДАРОВСКИ НА СРЕДБИ СО БИЗНИСМЕНИ ВО ЗАГРЕБ: Инвестициите во фокус на деловната средба

Шефот на државата е втор ден во работна посета на Хрватска.

Стево Пендаровски денеска во Загреб ќе има средба со македонски и хрватски стопанственици а според најавата во фокус на разговорите ќе биде можноста за зголемување на инвестициите и соработката меѓу Македонија и Хрватска.

Деловните средби се организирани од Хрватската трговска комора.

Хрватска го поддржува отворањето на пристапните преговори меѓу Македонија и Европската унија

Хрватска го поддржува отворањето на пристапните преговори меѓу  Македонија и Европската унија што е можно поскоро, рече премиерот Андреј Пленковиќ во Загреб на состанокот со претседателот на Македонија, Стeво Пендаровски, соопшти владата.

На средбата што се одржа во Бански двори, беа потврдени квалитетните односи меѓу двете пријателски земји.

Според изјавата, Пленковиќ ја истакнал целосната поддршка на Хрватска за отворање на пристапните преговори меѓу Македонија и Европската унија што е можно поскоро.

Тој потсети дека Хрватска изрази силна поддршка за европскиот пат на Северна Македонија како и продолжување на процесот на проширување на ЕУ на Самитот во Загреб во мај 2020 година за време на нејзиното претседателство со Советот на Европската унија.

Слично

Поврзани вести