Пендаровски на Фејсбук: Подготвен сум за дуел со Иванов, ако му дозволи Груевски
Стево Пендаровски, претседателската трка ја стартуваше со отворена дебата со граѓаните. Неколку часа вчера, опозицискиот кандидат за шеф на државата на социјалната мрежа Фејсбук, одговараше на прашања на граѓаните. Граѓаните ги интерсираа различни теми, од економија, внатрешна, надворешна политика. Тие прашуваа – Пендаровски одговараше. Дел пак реагираа дека, кандидатот за претседател на Македoнија, Пендаровски избегнува да одговoри на прашања што не му одговараат. „Фактор“, селектираше дел од прашањата на граѓаните и одговорите на Пендаровски.
Костадин Кадиев: На една трибина, за 8-ми Септември мислам дека беше, тврдевте дека е невозможно да се победи оваа власт на избори. Дали сметате дека е доволно променет изборниот амбиент во Македонија за победа на опозицијата? И ако да, зошто?
Пендаровски: Во меѓувреме беа прифатени најголемиот дел од забелешките на ОБСЕ , со што се подобрени условите за изборна трка. Меѓутоа, власта досега покажа дека не го почитува договореното.
Анна Симовска: Дали очекувате и дали сте спремен за евентуален рекорд во поглед на бројот на кругови за гласање?
Пендаровски: После срамното искуство со општина Центар, ништо не може да ме изненади!
Трајче Кицевски: Дали се согласувате со извештајот на Стејт департментот дека во Македонија има политички затвореници и што ќе направите во врска со тоа кога ќе станете претседател?
Пендаровски: Не ми треба да го читам извештајот на Стејт Департментот за да знам дека во Македонија има политички затвореници. Ќе ги искористам сите уставни и законски овластувања за во Македонија да не постои таа категорија затвореници.
Пендаровски: За името мора да има широк политички и меѓуетнички консензус
Столе Шумлив: Зошто изјавувате дека прашањето за името треба да се решава зад затворени врати, сакате ли да ни се смени името?
Пендаровски: За името мора да постои државен консензус. Сите релевантни политички лидери треба да ги постават параметрите на предлог решението за решавање на проблемот. Потоа тој предлог задолжително заедно да го претстават на македонските граѓани кои мора да бидат најважниот фактор во целиот процес.
Јанко Лега: Каква е Вашата стратегија за разрешување на проблемот со името?
Пендаровски: Предлагам широк политички и меѓуетнички консензус односно утврдување на државна позиција за името. Грција има таква позиција, ние немаме и затоа во старт сме во понеповолна позиција.
Пендаровски: Подготвен сум за дуел со Иванов, ако му дозволи Груевски
Томе Бојчевски: Гледам дека вашата кампања генерално ја насочувајте на Facebook. Дали, ова е скап начин на рекламирање? Колку чини вашата кампања и од каде ги имате обезбедено парите?
Пендаровски: Jас го избрав овој начин пред сé заради можноста директно да комуницирам со граѓаните, токму како што го правам тоа сега, со Вас.
Маја Трпчевска: Сакам да ве прашам зошто во последен момент вие и Стевче не отпатувавте со покојниот претседател Борис ?
Пендаровски: Претседателот Трајковски ме испрати како свој личен претставник во Даблин на предавање на апликацијата за ЕУ. За мене се знае и е документирано каде сум бил и кој ме испратил.
Наталија Ристова: Г-дине Пендаровски дали планирате ТВ дуел со г.Иванов?
Пендаровски: Jас сум спремен и планирам, но за него не сум сигурен дали ќе му дозволи Груевски.
Пендаровски: Секој граѓанин ќе биде горд со македонскиот пасош
Никола Илиевски: Дали масовното делење на бугарски пасоши на Македонци, ќе дејствува негативно во однос на надворешната политика која ќе ја спроведувате кон Република Бугарија?
Пендаровски: Ќе направам секој граѓанин на Македонија да биде горд со македонскиот пасош.
Суат Алиу: Ако бидете избран за претседател на Р.М каков ке биде вашиот однос кон Р.Косово ?
Пендаровски: Македонија го призна Косово како независна држава. Односот кон Косово треба да биде како кон рамноправен сосед.
Адис Сијамиќ: Дали ќе се придржувате до Рамковниот договор?
Пендаровски: Рамковниот договор е дел од Уставот на Република Македонија, а моја прва обврска е да го почитувам и штитам Уставот.
Енвер Усеини: Професоре, ако станете преседател дали планирате во вашиот кабинет да вработите Албанци или ќе ги игнорирате како предходните претседатели.
Пендаровски: Уште од почетокот најавив дека ќе бидам претседател на сите граѓани. Тоа значи дека во мојот кабинет ќе има место за сите.
Пендаровски: Македонија не треба да се рекламира со евтина работна сила
Емилија Стојановска: Како планирате да го спречите иселувањето на младите луѓе?
Пендаровски: Младите треба да добијат шанса за успех во животот во Македонија, само заради своите квалитети, а не партиската книшка. Ова ќе биде една од моите клучни заложби. Ако на младите им се пружи шанса и еднаков третман во Македонија, тие нема да ја напуштаат државата.
Поцков Горан: Професоре, младите се претставувани пред "странските инвеститори" како евтина работна рака која може да работи под притисок 10-12 часа за минимални 8000 денари вклучувајќи и саботи. Нé нудат како робови и по другите држави за "евтини пари". Каков е вашиот став во врска со тоа?
Пендаровски: Македонија не треба да се рекламира со евтина работна сила, туку треба да ги промовираме нашите вредни и образовани работници.
Ване Терзиски: Која ќе биде вашата политика во однос на подобрување на животот на младите, можностите за подобри плати и задржување на нашиот млад интелект?
Пендаровски: Столбот на нашата држава се младите. Како претседател, младите ќе ја имаат мојата поддршка, отвореност и подготвеност заеднички да работиме на подобрување на вашиот статус во Македонија. Со еден збор, ќе имате сојузник во мене.
Пендаровски: Македонија е најголем срам во Европа во однос на слободата на медиуми
Александар Велковски: Сакам да Ве прашам, иако не е под Ваши ингеренции, дали и на кој начин ќе ја вратите слободата на печатот во Македонија. Да го вратите на ниво како што заслужува секоја демократкса држава?
Пендаровски: Македонија е најголемиот срам во Европа во однос на слободата на медиумите. Од првиот ден ќе настојувам да се промени таа состојба.
Прашање: Се обврзувате ли дека доколку станете иден претседател ќе ги гоните сите „криминалци“ и од сегашната гарнитурата?
Пендаровски: Постојано нагласувам дека мораме да ја вратиме правната држава. Не само јас туку сите релевантни домашни и меѓународни фактори нагласуваат дека корупцијата и криминалот во Македонија е во огромен пораст.
Христијан Ристески: Дали во рамките на сите ваши ингеренции ќе се обидете да ги успорувате ненародните закони донесени во парламентот на ДПМНЕ ?
Пендаровски: Досега сите македонски претседатели освен Иванов го користеле правото на вето кога некои закони не биле во интерес граѓаните. Претседателот е чувар на Уставот и не случајно му е дадено правото на вето.
Кристина Бетинска: Ќе бидете врховен командант на АРМ. Во кој правец ќе биде Вашето делување?
Пендаровски: Парите кои се одвојуваат од буџетот за АРМ се драстично намалени во последниве пет години. Неприфатливо е за мене како Врховен командант да нашите војници одат со скинати чизми во меѓународни мисии.

Слично