Пендаровски едногласно помина како кандидат на СДСМ
Сите 588 делегати кои биле присутни на гласањето на конгресот на СДСМ едногласно го поддржале единствениот кандидат Стево Пендаровски како кандидат за претседател од оваа партија на претстојните избори, закажани за 13 април.
„Вашата денешна одлука и поддршка ме исполнува со надеж и верба во конечна победа. Задоволство ми е што сум кандидат на СДСМ и здружената опозиција, која е единствена политичка опција што може да ја понесе Македонија на подобро“, рече Пендаровски.
Тој најави дека ќе биде заштитник на граѓаните и ќе ги брани од притисоци од власта.
„Прва задача ќе биде да го вратам достоинството и важноста на функцијата претседател, која во изминатите години е деградирана. Изминатите пет години ние немавме претседател. Најважна задача е да се врати Македонија на нормален колосек, да биде демократска, а не автократска држава, да има правна држава, а не политички затвореници“, рече Пендаровски.
Неговата кандидатура ќе биде поткрепена од 30 пратеници.
ФОТО: МИА
Слично
