Пендаровски: Да престане расколот и поделбите во Македонија!
Со изборна конвенција во Универзалната сала, Стево Пендаровски ја започна претседателската кампања како кандидат на опозицискиот СДСМ.
“Да тргнеме заеднички кон подобра иднина, кон посреќен и подостоинствен живот за сите нас. Излегувам пред граѓаните со јасен концеп како можеме да ги оствариме нашите цели. Нудам концепт на активен претседател спремен да ги искористи сите уставни надлежности за зашитата на интересите на граѓаните на Република Македонија. Мојата визија за Македонија, како модерна европска демократија е втемелена во 10 начела што ги промовирам, пред се деморкатските вредности, еднаквост, слобода и правда, и од нив немам намера да отстапувам и нема да правам компромиси со ниту една политичка сила! Македонија не засужува да биде окована во минатото, роб на нечии фрустрации, силно верувам дека Македонија заслужува да оди напред“, изјави Пендаровски.
Тој изрази загриженост заради, како што оцени, растечките поделби во македонското општество.
“Нема дилеми дека Македонија за секого од нас е најважната партија. Сакам да проговорам за нова опасност која се шири. Меѓуетнички тензии сме имале и имаме денес, но ваков раскол никогаш не сме имале. Мојот став е дека иако власта се пресметува со сите, освен со партиските послушници, таа погубна политика на поделби да престане и никогаш да не се повтори. Не смееме да дозволиме да продолжи иселеничката голгота, а тоа може да се направи само ако оцениме дека спомениците не се поважни од граѓаните“, оцени Пендаровски во краткиот промотивен говор.
Слично
