Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пелистерка ги зголеми приходите, но првиот квартал го заврши во минус

Пелистерка ги зголеми приходите, но првиот квартал го заврши во минус

АД Пелистерка бележи уште еден негативен квартал, па така за периодот 01.01 до 31.03 повторно е во загуба и тоа поголема во однос на првиот квартал од 2016-та. 

Во консолидираниот биланс на успех сосема евидентно е дека Пелистерка успеале да ги зголемат приходите од продажба на домашен пазар и странски пазар кои вкупно изнесуваат околу 91.500.000 денари што е мал раст во однос на истиот квартал лани со 86.000.000 денари оперативни приходи.

Сепак, и оваа позитивна ставка не е доволна за Пелистерка да забележи квартал во добивка бидејќи расходите се зголемиле од 85.000.000 на речиси 115.500.000 денари. Добро е што трошоците најголем раст имаат во ставката за набавка на суровини и други материјали, но и самата навна вредност на трговските стоки е доста покачена од 9.500.000 на речиси 30.000.000 денари. За нијанса се зголемени и трошоците за вработените.

Токму затоа АД Пелистерка во минус го завршува и овој квартал со загуба од 17.300.000 денари што е повеќе во однос на првиот квартал во 2016-та кога загубата била помала и изнесувала 9.600.000 денари.


Слично

Поврзани вести