Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕЛАГОНИСКО СО НАЈМНОГУ СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА: Овој сектор бара работници...

ПЕЛАГОНИСКО СО НАЈМНОГУ СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА: Овој сектор бара работници...

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.40%. Најголем број слободни работни места, односно 2 109, има во петтата група на занимања - работници во услужни дејности и продажба.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот oбјекти за сместување и сервисни дејности со храна 2.97%, додека најмала е стапката во секторот дејности во врска со недвижен имот, каде што изнесува 0.12%. 

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1.82%.  

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.32%. 

Најмалку слободни работни места и тоа 180 има во полошко. 

Слично

Поврзани вести