Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија „лежи” на богатство од 500 милијарди долари?

Македонија „лежи” на богатство од 500 милијарди долари?

Kако дел од земјите на Јадранскиот Базен, Македонија на одредени локации има богати количини на нафтени резерви.

Осовено се значајни резервите кои во Македонија ги има од екс Југословенскиот Геолошки институт кој во 1974 година вршел бушења на наколку локациии во Македонија.

Тоа се Пелагонискиот дел , каде има и богати наоѓалишта на јаглен, Овчеполскиот дел, Полошкиот дел и Охридско Струшкиот базен.

Југословенскиот геолошки институт во склоп на армискиот проект на екс Југославија под кодно име „Бунар„ во тоа време дошле до сознание дека експлотацијата на нафта е исплатлива и тогаш проценето било дека како сурова нафта , необработена вредноста била околу 500 милијарди долари , а доколку истата се рафинирала и се пристапело кон производство на нафта и нафтени деривати ,заработката би била трократно поголема.

Пробни бушотини се правени и во Охридскиот базен на два локалитети, едниот кај вулканското дувло кај селото Косел и другата бушотина крај Св. Наум.

Сепак, стратегијата на југословенскиот лидер Јосип Броз тито не била во фокусот на ескплоатација на овие наоѓалишта. Тој продавал оружје, во замена за ефтина нафта и деривати, па поради таквата политика на тогашниот систем експлотацијата на сопствените ресурси барало вложување на тешки милијарди долари, нешто што во тоа време не бил приоритет на екс СФРЈ.

(Извор: ohridsky.com)

Слично

Поврзани вести