Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој“: Николоски вели интензивно се работи

„Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој“: Николоски вели интензивно се работи

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, сите предизвици што се појавуваат на трасата се надминуваат со добра координација на институциите и Изведувачот и очекуваме оваа автопатска делница да биде завршена почетокот од 2028 година, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски извршија увид во градежните работи.

- Интензивно се работи на 22 км пробиена траса од вкупно 40 км или на 55 % од вкупно предвидената траса. 

Изградбата се реализира согласно динамичкиот план, покрај земјените работи на трасата се работи на 2 моста, 2 потпатника, 1 натпатник и 1 клучка.  Од увидот беше потенцирано дека во завршна фаза се работите на потпатникот кај населеното место Алинци, потпатникот под регионалниот пат R1101 и натпатникот кај село Ново Лагово. Исто така забрзани градежни активности има и кај населените места Тополчани и Вашарејца.

Во овој момент според диманичкиот план и оперативните потреби на терен се работи со преку 75 машини и механизација. Во однос на експропријацијата, беше истакнато дека од вкупно 1263 предмети, до сега решени се 1204, а во постапка се уште 59 предмети, што беше заклучено дека експропријацијата се реализира забрзано - посочи Николоски.

Вицепремиерот при увидот потенцираше дека навременото завршување на автопатот Прилеп-Битола ќе значи забрзан развој на Пелагонскиот регион,  можност за нови инвестиции, развој на локалните бизниси и повеќе работни места. Овој автопат има силно влијание врз севкупниот развој на Пелагонија и затоа е многу важно да биде изграден на време и согласно сите стандарди.

Автопатот Прилеп-Битола е дел од Кородорот 10 -д, паневропски коридор што и дава посебно економско и геополитичко значење на Македонија.

Слично

Поврзани вести