ПЕКОЛНО ТЕШКО ЗА ДЕЦАТА: Жештините ги наполнија болниците со мигранти!
Високите температури ја наполнија гевгелиската болница со мигранти-велат активистите на терен. Секојдневно расте бројот на деца, жени и стари лица кои се жалат на стомачни болки, повраќање, дијареа. На плус 40 степени под сенка, во околината на железничката станица –велат нема воздух за дишење, а уште помалку можност за хигиена. Екипите на терен доставуваат хуманитарна помош, вода, храна и средства за лична хигиена, но тие очигледно неможат целосно да ја покријат потребата од чиста и здрава околина.
“Ситуацијата во Гевгелија е лоша. Можеби подобра од онаа кога мигрантите одеа пеш или мораа да купуваат точаци, но сепак на терен е тешко. Бројката мислам дека е стандардна до 800 лица дневно. Најмногу ги има од воените жаришта од Сирија, но има и од други држави кои не се загрозени. Има цели фамилии, има многу деца, мајки, стари и и изнемоштени лица. Тоа кажува дека маката навистина ги натерала да бараат- не подобар живот, туку само гол живот. Приоритет ни се бремените жени, мајките со децата и повозрасните болни кои неможат сами да се снајдат. Им помагаме на сите кои го почитуваат овој начин на распределба на хуманитарната помош, бидејќи само така може да се стави ред во толкава маса на луѓе”-вели Кемал Скријел од невладината организација НУН.
Нивните активисти се постојано на терен. Вели последните два месеци неуморно работат со мигрантите кои секој ден ги има се повеќе. Се работи во екипи по 24 часа, за да може да се обезбдеди контролиран и навремен проток на поголеми групи.
“Моментално најголема концентрација од мигранти има околу железничката станица во Гевгелија и при самиот влез во државава ги запознаваме со нивните права кои се напишани на флаери, на кои има поопширно објаснување од страна на нашите координатори од НУН кои се и судски преведувачи од арапски на македонски. Тука се и претставници на УНХЦР кои имаат голема улога на терен во оваа мисија, имаат свои преведувачи и надзорници, па на мигрантите им се олеснува пристапот до информација откако ќе стигнат на македонска територија. Оние кои нема да успеат да земат документи односно потврди од полицијата, ќе го чекаат на железничката станица следниот транспорт со слободен воз. На терен неуморно работат и мобилните екипи на Црвениот крст кои пружаат прва помош, лекарски совети и ги придружуваат болните и изнемоштените до болницата. Деновиве покрај активистите на Легис, Нун, Солидарност и од другите градови, имавме хуманитарци од Шведска и Швајцарија кои неколку дена беа во Гевгелија. Неможам а да не ја споменам Ленче Здравкин која неуморно работи и стана заштитен знак на оваа ситуација”- додава Скријел.
Финансиите вели тој најчесто доаѓаат од хумани луѓе кои на активистите им ги покриваат патните трошоци и обезбедуваат хуманитарна помош. Но стравуваат дека без институционална помош може лесно да се случи да секнат ресурсите-а тоа особено на овие летни температури би значело вистински хаос.
“Се финансирамe од хуманите луѓе кои ни ги покриваат патните трошоци од Скопје до Гевгелија. Често се случува и од наши средства од наш џеб да дадеме екстра пари за храна, лекови, вода за да ги покриеме потребите на тие луѓе. Но тоа не ни пречи, ниту не поколеба да стигнеме навреме за да ја завршиме својата задача. Се сеќавам дека една повозрасна жена болна од астма немаше пумпица со лек, ниту пари да ја набави. Веднаш се снајдовме и помогнавме да добие навреме лек. Нашата активност во Гевгелија е од пред околу два месеци. Соработуваме со другите хуманитарни организации кои се на терен. Засега немаме институционална помош и тоа не плаши, бидејќи може да биде проблем доколку секнат ресурсите- додава хуманитарецот Кемал Скријел.
Иако потребата е алармантна и досега надлежните неколку пати најавија дека токму во реонот на гевгелиската железничка станица ќе се обезбеди локација за специјален пункт за еднодневен престој на мигрантите до нивно заминување со јавен превоз кон Табановце, сеуште на терен нема ништо. Засега градските власти обезбедиле само поголем број на монтажни тоалети. Тендите за мигрантите да се скријат од сонцето и тушевите сеуште се само ветување. Прифаќањето и пропуштањето на мигрантите кои секојдневно пристигнуваат преку македонско-грчката граница засега го олеснуваат екипите на хуманитарните и граѓанските организации.
Мигрантите мислам дека се третирани добро, бидејќи во неколку наврати интервенираа локалните власти со градската комунална хигиена за да се постават неколку монтажни санитарни јазли, бидејќи имаше само два тоалети на толку народ. Се најави дека ќе бидат оставени уште неколку, како и тушеви и тенди за да можат да се скријат од силното сонце. Морам да нагласам дека иако деновиве излегоа написи дека хигиената била лоша и се уништувало зеленилото, на терен имаме друга состојба. Топлината и жешкото гевгелиско сонце си го прави своето, но екипи на комуналната хигиена, активистите, дури и самите мигранти учествуваат во расчистување на просторот бидејќи нивната состојба и онака е тешка, а и тие сакаат да го поминат времето во чист простор- нагласува Скријел од НВО НУН.
Секој поминат ден со бегалците, според него е ново искуство, бидејќи тие со себе како што вели носат по една торба и една желба- да најдат безбеден и топол дом.
С.Б.

Слично