Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕКОЛНО ПИЈАНСТВО: Од отровна ракија починале 18, а во тешка состојба се 89 лица

ПЕКОЛНО ПИЈАНСТВО: Од отровна ракија починале 18, а во тешка состојба се 89 лица

Бројот на жртви од труење со алкохол во Турција се зголемил на 18 откако во текот на изминатите два дена во болници починале уште шест лица кои пиеле илегално произведена ракија, објавија денес турски медиуми.

Сите жртви конзумирале од турската ракија „раки“, силен алкохолен пијалок кој се прави од анасон, а за кој властите сметаат дека бил измешан со смртоносна доза на метил алкохол.

Уште 5 лица се наоѓаат во болница во Истанбул и се во критична состојба, а полицијата во рација ширум земјата уапсила најмалку 14 лица одговорни за оваа трагедија, кои се обвинети за убиство со умисла.

Покрај тоа запленети се над илјади шишиња алкохолни пијалоци.

Вкупно 89 лица од средата до денес се примени во турски болници поради труење со алкохол.

Слично

Поврзани вести