ПЕКОЛНО И КАЈ СОСЕДИТЕ: Жешкиот бран во Бугарија однесе пет жртви
Пет луѓе загинаа денеска во Софија во бранот високи температури кои ја погодија Бугарија каде се забележани над 44 степени Целзиусови, пренесуваат бугарските медиуми.
Службата на итната помош се јавила на повеќе од 200 повици на граѓаните на Софија на кои им се слошило, изјавила портпаролката на таа служба Катиа Сунгареска, која упатила апел граѓаните да не излегуваат од своите домови во најтоплиот дел од денот.
Во Софија со години нема доволно возила на итна помош и околу 25 екипи се на терен со околу два милиони жители.
Слично
