Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ: Затворени се училиштата во Грција

ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ: Затворени се училиштата во Грција

Грција „гори“. Најавени се пеколни горештини, затворени се и училишта. 

Екстремно топло ќе биде до викендот.  Највисоки температури се очекуваат денеска и утре, а се предвидува дека во некои делови од државата ќе достигне и до 42 Целзиусови степени. Најтопло ќе биде во централните и јужните региони, а властите предупредуваат на голема опасност од избувнување на пожари.

Поради многу високите температури, основните училишта се затворени низ цела Грција, а постои можност учебната година да заврши порано поради високите горештини за основните и предучилишна возраст.

Според најавите, на островите во источното Егејско Море и Додеканезите температурата ќе се искачи до 39 степени, додека локално на Крит ќе достигне до 42  степени. Одредени експерти велат дека во иднина ќе имаме уште потопли лета. 

foto freepik.com/montypeter

Слично

Поврзани вести