Пеколна недела за богаташите, кој помина најлошо и загуби најмногу?!
На стартот на Новата година, 400 најбогати луѓе од светот изгубија безмалку 200 милијарди долари после првата пеколна недела во 2016 година.
Четириесет и седум милијардери изгубија по милијарда долари или повеќе во текот на најлошата недела за американските акции од 2011 година, според индексот на милијаредери на Блумберг.
Заедничката загуба на сите 400 богаташи е речиси седум пати поголема од 29 милијарди долари кои ги изгубиле во првите пет трговски денови на 2015, известува Блумберг.
На крајот на минатата недела индексот на нивното богатство изнесуваше 3,7 билиони долари, во однос на 4,0 билиони долари пред година дена.
Основачот на Амазон, Џеф Безос, најуспешниот милијардер во 2015 година, забележа најголема загуба, бидејќи богатството му се стопи за 5,9 милијарди долари изминатата недела после падот на акциите повеќе од 10 одсто од најголемиот светски онлајн трговец.
Безос е четвртиот најбогат човек на светот со богатство од 53,7 милијарди долари, кој повеќе од двојно ја зголеми нето вредноста на свој имот во 2015 бидејќи инвеститорите го поттикнаа профитот на Амазон.
Светскиот број 1 на листата на богатите, Бил Гејтс, минатата недела е олеснет за 4,5 милијарди на 79,2 милијарди долари, додека Шпанецот Амансио Ортега , вториот најбогат човек, со загуба на 3,4 милијарди падна на “само“ 69,5 милијарди долари.
Заедничките загуби на милијардерите претставува пад од 4,9 одсто од нивното вкупно богатство, според индексот, што е малку подобар показател од оној забележан на светските пазари на капитал досега во оваа година. Според светскиот индекс на пазарна капитализација MSCI ACWI акциите на берзите ширум светот паднаа за 6,2 проценти за недела дена.
Меѓу 400 најбогати во светот, минатата недела, 11 од нив го зголемиле своето богатство, вклучувајќи и пет наследници на Волмарт трговскиот ланец,
Пет Волонтови заедно зграбиле нешто повеќе од 2,5 милијарди долари за пет трговски денови, бидејќи Волмарт скокна малку повеќе од 2,0 долари по акција. Џим Волтон, син на основачот на команијата Сем Волтон, имаше најголема добивка од 759 милиони долари.
Инаку, заедничкото нето богатство на 400 светски милијардери „тежи“ 3,7 билиони долари што приближно одговара на бруто домашниот производ на Германија.
