Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕКАР НУДИ БЕСПЛАТЕН ЛЕБ ЗА ОНИЕ КОИ НЕМААT: Ако треба и нека пропаднам

ПЕКАР НУДИ БЕСПЛАТЕН ЛЕБ ЗА ОНИЕ КОИ НЕМААT:  Ако треба и нека пропаднам

Ферхат Хоџај, пекар од Приепоље, Србија  изминативе денови го привлече вниманието на јавноста затоа што нуди бесплатен леб на оние кои немаат, по цена и да пропадне. 

На неговата пекара стои натпис во кој се вели дека семејствата кои немаат леб, можат да добијат еден до два леба бесплатно во период од 6 до 20 часот секој ден. 

Овој 33 годишен пекар е зачуден од реакциите на социјалните мрежи. Вели дека не сака реклама и дека она што го прави не е оригинално или необично. 

„Јас не сакам да предизвикам емоции на овој начин, едноставно сакам да помогнам на оние кои немаат или можеби моментално немаат. Ако е судено заради ова да пропаднам, тогаш треба да пропаднам, и да не се занимавам со оваа работа“ - вели пекарот. 

Хоџај додава дека за неколку дена леб добиле сите оние кои немале да платат, но објаснува дека на многумина им е срам да отидат во пекара и да бараат бесплатен леб затоа што немаат пари. 

Слично

Поврзани вести