„Пекабеско“со нов погон во општина Илинден
Денеска во Кадино, компанијата „Пекабеско“ ќе го отвори новиот погон за производство на месни и сувомеснати производи.
Инвестицијата е во вредност од 13 милиони евра, од кои дел е кредит обезбеден преку Европската инвестициска банка, а сервисиран преку НЛБ Тутунска банка, а дел се сопствени средства.
Се предвидува на почетокот да се вработат околу 50 нови работници инжинери-технолози, месари, ракувачи со машини, како и други работници – комерцијалисти, шофери, финансиски службеници...
На отворањето најавено е присуство на министрите за транспорт и врски Миле Јанакиески и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Слично
