Пекабеско со приходи над милијарда во првите шест месеци
Вкупните приходи остварени во првите шест месеци на компанијата Пекабеско АД Скопје се над милијарда денари.
Оваа комапнија според податоците на Македонска берза остварила добивка од 54.260.000 денари. Споредбено со ланските бројки е забележан раст а тогаш добивката изнесувала 36.025.000 денари.
Што се однесува до вкупните приходи од продажбата тие изнесуваат 1.821.239.000 денари.
Податоците покажуваат дека повеќе приходи оваа компанија остварила на домашен пазар, каде е остварен приход од 1.640.004.000 денари, додека странските пазари на Пекабеско АД Скопје му донеле приходи 181.235.000 денари.
Слично
